АПЕЛ НА ЦИВИЛ ЗА СЛОБОДНО И НЕНАСИЛНО ПРЕГЛАСУВАЊЕ

Цивил ги повикува сите учесници во изборната трка да го почитуваат изборниот молк, а на денот на прегласувањето да бидат фер и да се придржуваат кон законите и принципите на демократијата, за граѓан(к)ите да можат слободно да ја изразат својата волја

188 (Small)Цивил апелира до надлежните институции на државата за максимално почитување на изборниот законик и демократските принципи. Апелираме да се почитува волјата на граѓан(к)ите кои веќе во два круга јасно ја изразија својата определба. Очекуваме дека при прегласувањето во општините Центар, Ѓорче Петров, Струга и Долнени ќе се обезбедат сите услови за слободни и ненасилни избори.

Цивил очекува висок одзив од гласачите и во прегласувањето кои секако ќе сакаат да ја потврдат својата определба, наспроти низата нерегуларности и структурното насилство кои набљудувачите на Цивил и на други релевантни набљудувачки мисии ги регистрираа во текот на избирачкиот процес. Гласачите ги охрабруваме да го искористат своето право на демократски глас и избор уште еднаш, а за секоја нерегуларност да се јават на дежурниот телефон на Цивил (02/5209176).

Апелираме до сите учесници во из192 (Small)борната трка да го почитуваат изборниот молк, а на денот на прегласувањето да бидат фер и да се придржуваат кон законите и принципите на демократијата.

Цивил ќе го набљудува прегласувањето на сите избирачки места во сите општини со најмалку 25 акредитирани набљудувачи, но ќе распореди и свои мобилни тимови и активисти кои ќе ја набљудуваат изборната атмосфера во целост, како и известувањето на медиумите за што во првите два круга веќе имаше сериозни забелешки за пристрасност.

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish