АПЕЛ ЗА МЕЃУЕТНИЧКИ МИР

Кичево, 2 април 2013

Цивил - Центар за слобода, Центар за развој на заедницата Кичево, Здружение на албанската жена Кичево, Форум Цивилен мировен сервис и Центар за менаџмент на конфликти со крајна загриженост ги следат состојбите во сферата на меѓуетничките односи во Кичево и во целата земја.

Нарушените меѓуетнички односи пред и по првиот круг на локалните избори се последица, меѓу другото, и од националистичката реторика.

188 (Small)Апелираме до сите политички партии и до нивните членови и активисти, како главни актери во изборниот процес, да придонесат кон подобрување на меѓуетничките односи и да понудат конкретни решенија за зајакнување на довербата меѓу заедниците, а со тоа и во Кичево.

 

Апелираме до граѓанките и граѓаните на Кичево и Република Македонија, да не подлегнуваат на опасните реторики кои водат кон тензии и насилство, а разликите, недоразбирањата и проблемите да ги решаваат во духот на добрососедството и заедништвото, со визија за заедничка и просперитетна иднина.

Апелираме до сите релевантни институции непристрасно и без селекција да ги санкционираат сите облици на ширење омраза на етничка, религиозна или каква и да е друга основа и да преземат мерки за враќање на довербата меѓу граѓан(к)ите.

191 (Small) 150 (Small)

 

Повторуваме:Драги сограѓан(к)и, говорот на омразата мора да престане! Мирот, соживотот, толеранцијата и меѓусебното почитување и помагање ќе нé одведе сите заедно во подобарживот. Говорот на омразата ќе нé уништи сите заедно.

Постојат безброј начини и добри примери да се создаде доверба, да се промовира пријателството и прифаќањето на разликите како квалитет, а не како клетва. Граѓанското општество и државните институции треба да ги здружат напорите да создадат услови за тоа.