Апел за промена на мигрантските политики на ЕУ

Дваесет и шест национални и меѓународни организации од Грција и од земјите на Западен Балкан (Србија, Хрватска и Словенија) меѓу кои е и Македонското здружение на млади правници од Република Македонија, организации кои делуваат по западно-балканската миграциска рута, со заеднички став ги „осудуваат„дискриминаторските и опасни мерки усвоени од европските земји за да спречат ранливи лица да стигнат до безбедност“.

Коалицијата на 26-те организации ги повикува европските влади да преземат мерки со кои ќе се обезбедат и исполнат хуманитарни потреби на луѓето во движење, и да ги одржат своите обврски, согласно меѓународното право.

Untitleduytu

“На 21.02.2016 година, неколку европски држави ги затворија своите граници за Авганистанци, што резултираше со зголемување на бројот на бегалци во Грција како и со хаотични и збунувачки сцени во западно-балканските држави. Граничните ограничувања врз основа на државјанство, го негираат правото на секое лице на индивидуална процена од потребата од меѓународна заштита – што е во спротивност со меѓународните и европските закони за човекови права и бегалци”, се наведува во заедничкиот став, како основна причина за осудата од Коалицијата.

DSCN1253 (Large)

Овие организации ги повикуваат европските влади, да преземат итни мерки:

- Да ја запрат политиката на селективен прием, којашто е на сила во моментов, и да ги исполнат законските обврски за обезбедување фер и темелни постапки за одредување на статус на бегалец за лица од сите националности,

- Да преземат итни мерки за да ги задоволат потребите на лицата коишто повеќе не можат да го продолжат нивното патување, вклучувајќи и итно зголемување на капацитетите и услугите за прифаќање и поддршка, коишто ќе ги почитуваат достоинството на луѓето и човековите права,

- Да ги запрат присилните и принудни враќања коишто го кршат правото на барање азил, особено кон земји кадешто лицата можат да се соочат со прогон, а за тие коишто е утврдено дека не ги исполнуваат условите за меѓународна заштита, да се обезбедат постапки на враќање што ќе ги почитуваат нивните основни човекови права,

- Да работат заедно за да обезбедат координиран пристап за справување со кризата, темелен на споделување информации и соработка, како и да избегнат еднострани постапки што можат да создадат опасни ‘домино-ефекти’ што влијаат врз ранливите категории на лица,

- Да создадат безбедни и законски рути во Европа за лица кои бараат азил, за да се избегне губењето на животи на опасните патувања и да се намали побарувачката за нерегуларни мрежи за трговија со луѓе и криумчарење.

“Не е предоцна Европа да го поправи овој тек и да донесе соодветни и правилни постапки, наведени во постоечките закони и да преземе итни мерки да ги заштити ранливите лица на нејзината територија”, заклучуваат 26-те организации.

Марија Теговска

Оваа вест е достапна и на: Albanian