Барам одговор!

Неколку членови на ЦИВИЛ покренаа една многу интересна иницијатива деновиве, која ја нарековме „Барам одговор!“. За што поточно се работи?

Направете видео или селфи видео на кое ќе поставите прашање до политичар/политичарка или јавна личност, кое ние ќе го објавиме на нашите онлајн канали. Можете да бидете и анонимни, така што нема да се снимите себе си, туку некоја ситуација.

На овој начин ќе ги потсетиме политичар-к-ите и јавните личности дека имаат обврска да бидат транспарентни и одговорни. Нели, избраните претставници на народот, како и оние на јавната сцена, имаат обврска да даваат извештај на оние кои ги избрале или пред кои се појавуваат и да им служат на граѓанките и граѓаните на оваа земја.

Значи, одберете еден политичар/политичарка или јавна личност кому би му поставиле прашање. Прашањата пратете ги во видео формат (селфи видео) на фејсбук страната на ЦИВИЛ, фејсбук страната на граѓанските новинар(к)и (приватна порака) или на [email protected]. Во прилозите во кои не се гледа ликот на авторката/авторот, се подразбира дека ќе биде анонимни, така што идентитетот нема да го откриеме. Во секој случај, потребно е ние да го знаеме вашиот идентитет и контакт, кои нема да ги откриеме.

Ви благодариме за интересот и довербата.

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish