БАРОК ЗА ДЕНЕШНИОТ ЛУМПЕНПРОЛЕТАРИЈАТ

Додека „овие барем градат“ народот е дупло посиромашен, дупло по понижен, дупло по излажан

Синоличка Трпкова

sinolicka...кога не спијам, мислам зошто сме овде кај што сме...

Денешниот барок е кич-пандан на социјализмот. Во социјализмот се тежнееше „работничката класа“ да биде со еднакви права со останатите (директори, професори...). На состаноците сите имаа „подеднаково право“ на глас, за годишни одмори сите можеа во Охрид или на море.  Децата на работничките семејства, завршуваа факултет и наоѓаа работа и покрај врските… Беше важно и најобичниот работник да има чувство дека е важен дел од општеството.
Но, ете, дури и во едно такво општество, сепак имало разлики - некого го бивало повеќе за наука, некого за работа - што не е ништо лошо, а напротив така функционира цел свет.

Барокот денес е всушност нова социјалистичка мамка на ДПМНЕ на која се фаќа денешната „работничка класа“ олицетворена во невработените, пензионерите и еден важен дел од народот, кој по дифолт го мрази социјализмот - оти му се директорувало. За првите како утеха, за вториве како забава и оттргнување од грижите, а за третите - конечно да се пронајдат себе си како големина.

И наеднаш се случува пресврт во општеството - расте самодовербата кај овој дел од народот, што се претвора во омраза кон предходниот систем, во кој тие го имале истиот проблем, само без барок-самодоверба.
Секогаш и секаде се ловеле гласови за личен профит на власта. Но ДПМНЕ, отиде најдалеку и најдлабоко во порно филмот - ги зеде парите од народот за да му даде едноминутно задоволство, што сите ќе го отплатуваме со векови!
И додека „овие барем градат“ народот е дупло посиромашен, дупло по понижен, дупло по излажан.

Народот мислеше дека ДПМНЕ ќе им се одмазди на „комуњарите“ во негово име. Точно тоа и го направи - СО НАРОДНИ ПАРИ!
Сега, народот освен што е без пари - е и на колена, пред власта, со милениуми оддалечен од било какво праведно општество. Непобитен доказ дека одмаздата и омразата одат во прилог на исчезнување на нашата држава.

Оваа вест е достапна и на: Albanian