Во врска со случајот со најавените тужби од високи функционери на ДУИ кон весникот "Лајм", реагираше „Движењето Беса“.
Според оваа партија, целта на власта е да се контролираат медиумите и наместо тие да служат за да ја информираат јавноста, да станат пропаганден мегафон за владејачките гарнитури.
"Во меѓувреме, Владата на ВМРО и ДУИ продолжува со распределба на милиони евра за македонските провладини медиуми, додека ДУИ при продолжувањето на напорите за задушување на медиумите, во последно време, поднесе тужба против независните медиуми, како што е случајот со весникот ‘Лајм’. ‘Движењето Беса’ остро го осудува ова скандалозно однесување на ДУИ кон албанските медиуми, особено кога ќе се земе предвид дека овие закани доаѓаат од припадниците на албанската партија на власт, која не само што не ги помага воопшто медиумите на албански јазик, туку се обидува да ги затвори по секоја цена. Беса е заинтересирана и ќе продолжи да инсистира за слободни и независни медиуми", се вели во соопштението на оваа партија.
Оваа вест е достапна и на: Albanian