Бегалците станаа жртви и на „ловци на глави“!

Електронското издание на британски „Дејли мејл“, завчера објави соблазнителна сторија за Бугарин, кого весникот го претставува како гангстер, кој предводи  патроли на „ловци на глави“  долж бугарско-турската граница.  Според весникот, бизарната сторија се однесува на некојси Динко Валев (29), преводник на „патроли“ што користеле и оклопни возила за пронаоѓање и апсење на бегалците, кои притоа биле и тероризирани.

s1

: „Ловецот на глави“ Динко Валев на оклопното возило што го користи за „лов на мигранти во градот Јамбол, Бугарија.


Предводникот на групите „ловци на глави“, Валев, набавил две оклопни возила со кои ловците патуваат во регионот околу градот Јамбол во близина на границата со Турција. Валев им се фалел на новинарите дека грозоморните постапки за него биле “еден вид на спорт”, и дека - иако во „потрагите“ се користени воени возила, теренски велосипеди, коњи и ловечки  кучиња за полесно да се фаќаат бегалците – „не може да тврдите дека спортистите се насилни”.

s2

Валев кој позира во пењоар, тврди дека реакцијата на локалното население била навистина позитивна и бара од бугарските власти - надоместок за секој фатен бегалец

s3

Исплашени бегалци - присилени да лежат на земја откако се фатени од „патролата“ на Валев

Со оглед на тоа што заробените бегалци ги предаваат на на полицијата, со образложение дека “сите биле џихадисти”, според британскиот весник, Валев побарал од бугарските власти да му  ја спонзорираат операција и да му платат „главарина“ -  за секој фатен бегалец.

Иако организациите за човекови права, како Хелсиншкиот комитет за човекови права на Бугарија,  го обвиниле за тероризирање на мигрантите и за закани по нивниот живот, Велев за весникот тврдел дека реакцијата кај локалното население била „навистина позитивна“,  па тој се обидува да регрутира уште повеќе луѓе и да ја прошири својата организација.

ЦИВИЛ – Центар за слобода најостро го осудува ваквото злосторничко однесување и ги повикува властите на Бугарија (во конкретниот случај), но и на Турција, на земјите-членки на ЕУ и на земјите од балканската бегалска рута,  како и целата меѓународната заедница, веднаш да реазгираат и да изнајдат решение за луѓето кои бегајќи од смртта и гладот, стануваат жртви на бескрупулозните профитери – шверцери на луѓе, или, сега, дури и на „ловци на глави“

Исплашени бегалци - присилени да лежат на земја откако се фатени од „патролата“ на Валев

Уште со развивањето на бегалската криза во Македонија во јуни 2015, ЦИВИЛ со „чувство на немоќ и сочувство во нас, придружено со револт и гнасење од војните, но и од бездушноста на овие власти кои не најдоа време и доблест да им помогнат на илјадниците страдалници барем толку, колку што налагаат меѓународните стандарди“, побара и од македонските власти итна реакција и хуман однос кон бегалците и кон економските мигранти.

Девет месеци подоцна, македонската граница е затворена, македонскиот претседател ги обвинува Германија, ЕУ, меѓународната заедница, по ред,  петнаесетина илјади несреќници преживуваат и патат со денови во нечовечки услови во Идомени – Грција, а хуманоста и солидарноста остануваат само дел од фразите во предизборните кампањи...

 

Оваа вест е достапна и на: Albanian