Битола: Разголување на спинот

Тимот на ЦИВИЛ –Центар за слобода, сепак, го одржа настанот во рамките на Иницијативата „Социјална правда сега!“, наспроти сите притисоци и противуставната забрана од градоначалникот на Битола, Владо Талески.

Тимот на ЦИВИЛ ги посети  локациите за кои побара дозвола за одржување на настанот во рамките на Иницијативата „Социјална правда сега!“. 

На  двете локации, на 17 јуни, половина час пред почетокот на настанот, немаше никакви подготовки за Битфест, што може да се утврди и од фотографиите и видеата кои ги направија членовите на Редакција ЦИВИЛ Медиа.