БИТОЛСКИ РЕГИОН: ТЕНЗИИ ВО МАКЕДОНСКИОТ ПОЛИТИЧКИ БЛОК

Извештај на Работната група за превенција за битолскиот регион, на Конференцијата на Цивил ДЕМОКРАТСКИ ПЕРСПЕКТИВИ, одржана на 1 март во Скопје

Во регионот Битола со набљудување се опфатени општините Ресен, Битола, Могила, Новаци, Демир Хисар, Крушево, Кривогаштани, Долнени, Прилеп и Макеоднски Брод.

Карактеристично за регионот е што Прилеп и Битола се две доминантни поголеми општини додека останатите се помали и урбани и рурални општини.

Политичко бзбедносната ситуација на почетокот на февруари беше подраматична  и понеизвесна поради протестите на опозицијата. Еден месц подоцна, со расчистување на позиициите, и тензиите се спласнати и нема значајни драматични нарушувања на јавниот ред и мир.

bitolaКарактеристично е што поголем број од кандидатите се истите и се борат за уште ден мандат. Користејќи ги своите позиции на актуелни градоначалници водат супштилна кампања на постојано медиумско презентирање, додека независните кандидати беа зафатени со собирање потписи и исполнувње на условите за кандидирање.

Од досегашните извештаи нема нешто што би се издвоило, освен општина Долнени како позитивен пример. Проблеми не се очекуваат во етнички мешаните средини туку напротив проблем на овие локални избори ќе бидат двете најголеми македонски политички партии СДСМ и ВМРО ДПМНЕ што би се рекло помеѓу партиите во македонскиот политички блок.

Со започнување на политичката кампања на 4 март треба да се интензивира и нашата медиумска презентација и присутност на теренот за да се неутрализираат нерегуларностите, кои секако може да се очекуваат со силниот интензитет на партиските кампањи и да се делува превентивно во насока на избегнување на конфликти на самиот ден на избори.