Бело знаме за градоначалникот на Битола

Нова "герила" акција во организација на Битолското движење. На денешната промоција на книга на еден од членовите на граѓанското движење - ГДОМ, режисерот Љубиша Георгиевски, на која присуствуваше и градоначалникот на Битола, Владимир Талески, битолчани фрлија бело знаме, и побараа од Талески да се предаде и да поднесе оставка.Inline image

 

Градоначалникот на Битола од активистите доби и маица со ликовите на обвинителките од СЈО. Досега, Битолското движење спроведе повеќе вакви акции во градот, посветени на градоначалникот Талески и на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian