Бранителите од Прилеп под притисок и мобинг

Тимот на ЦИВИЛ Медиа во рамки на иницијативата Социјална правда сега! разговараше со бранителите, прилепчани, од конфликтот во 2001 година. Тие зборуваа за нивниот живот по конфликтот, последиците со кои се соочиле, за односот на државата кон нив како и не инплементирањето на законот за бранителите.

Рубин Секулоски, претседател на ЗУВО (Здружение на учесници во вооружените дејствија при одбраната на суверенитетот и интегритетот на РМ 2001-2002) во Прилеп, зборуваше за денешната состојба на бранителите од 2001 година.

„Слушајќи ги бомбите на опозицијата, денеска сме повеќе исплашени, отколку што бевме за време на конфликтот. Се соочивме со тоа што сè можело и што може да ни се случи со излегувањето во медиуми, давање изјави и зборување  вистината“ изјави тој за Цивил Медиа.

http://https://www.youtube.com/watch?v=8YLMOAgB6pY

„Здружението е формирано во 2002 година со цел да бори за правата на бранителите, за донесување на тој фамозен закон за припадници на безбедносни сили. Законот е прочистен 2002 година и подоцна во 2006 година. Се е напишано, а ништо не функционира. Тоа уверение кое Министерството ни го дава, не знаеме каде да го приложиме. До 2004 година имавме поволности во здравството. Сега со него само сме ослободени од партиципација на факултетите. Најголем дел од бранителите се возрасни, а за нивните деца оваа ослободување од партиципација не важи“, изјави Секулоски.

Како што немаат помош од државата, така се заборавени и од Општина Прилеп. Најголем број од бранителите се на работ на егзистенција. Оние малкумина вработени се на минимална плата, а останатите не можат да земат ниту социјална помош.

Бранител во 2001 година, од Прилеп, сведочеше за учеството и последиците од конфликтот. Тој револтирано го искажува третманот на државата кон бранителите.

http:https://www.youtube.com/watch?v=gKGREGQnUko//

„Да си го оставиш семејството дома, гладно, и  да одиш да ја браниш Македонија, за на крај, да те  прогласат за терорист“, изјави нашиот соговорник.