Новинарката и музичка критичарка Бранка Костиќ Марковиќ за одговорноста во историските моменти:[youtube width="600" height="400"]https://www.youtube.com/watch?v=Yx4IrgG2wm4[/youtube]
Јас како независен интелектуалец и како општествено одговорен граѓанин знам дека ќе гласам зашто сакам еден ден на мојот син да му раскажам дека сум учествувала во историски важни моменти за мојата земја. Инаку лично ја практикувам слободата, слободата на избор секојдневно и не давам никој да ми го узурпира тоа право.
Но, доколку почувствувам дека е тоа така секако дека ќе превземам нешто да се изборам за таа слобода. Сама сметам дека правам многу, но за големи работи, за државата сме потребни сите ние и затоа би препорачала секој еден да излезе и да гласа по своја волја и убедување и конечно во централните вести на сите светски сервиси да стигнеме со добра вест, а не со само со лоши вести и да се радуваме и гордееме што сме биле дел од тој мозаик што го направил доброто.
Кампањата „За слободни избори“ може да ја следите на нашата веб-страница, како и на:
#ЗаСлободниИзбори
#PerZgjedhjeTeLira
#4FreeElections