Младинскиот форум на Движењето Беса пред Музејот на македонската борба („Музејот на ВМРО“) симболично, со поставување на фотографии, ги прогласија членовите на ДИК, Бедредин Ибраими и Субхи Јакупи за „херои на ВМРО“.
Претставниците на Беса во изјава за медиумите, музејот го нарекоа - Музеј на ВМРО „Али Ахмети“.
„... На оваа културна институција ѝ посветуваме уште два важни артефакта, и генерално, за историјата на ВМРО. Поради нивниот голем придонес за заштита на ВМРО, на Никола Груевски, Јохан Тарчуловски и Сашо Мијалков, поддршка која се изрази особено во состаноците на Државната изборна комисија, кога на коалицијата Преродба со Беса, ѝ беа земени два пратеника и кои и се дадоа на ВМРО, ние од Форумот на млади на Движењето Беса, одлучивме да им доделиме награди 'Херои на ВМРО' на двете лица кои најмногу придонесоа за овој резултат на ВМРО. Тоа се Сухби Јакупи, претставник на ДУИ во ДИК и Бедредин Ибрахими, претставник на ДПА во ДИК“, изјавија преставници од Беса пред Музејот на Македонската броба.
Подмладокот на Беса, како што се вели во нивната изјава, верува дека на овој начин Музејот на ВМРО „Али Ахмети”, ќе се збогати и со два важни артефакта, и дека на ВМРО-ДПМНЕ ќе ѝ биде чест што „нејзини заштитници не се само Македонците, туку и некои таканаречени Албанци“.