„Беса“ во посета на ЦИВИЛ: Целосни, а не само минимални услови за фер избори!

Делегација на Движењето Беса, предводена од нејзиниот претседател Биљал Касами, денеска го посети ЦИВИЛ – Центарот за слобода. На состанокот со претседателот на организацијата, Џабир Дерала и со дел од тимот на ЦИВИЛ, се разговараше за претстојните парламентарни избори, за досега обезбедените услови за нивно одвивање, како и за начините преку кои на граѓаните би им се овозможило слободно и непречено да ја изразат својата волја.

Освен размената на информации за актуелните состојби и за активностите кои ги спроведуваат во контекст на изборите, Касами и Дерала разговараа за можностите на соработка и споделување на информации и искуства меѓу политичките партии и набљудувачите на ЦИВИЛ, за што подобро и поквалитетно спроведување и набљудување на изборниот процес.

Претседателите на Беса и на ЦИВИЛ заеднички ја споделуваат загриженоста за моменталната состојба во земјата, како и заложбите за обезбедување вистински, а не само минимални услови, за спроведување на слободни избори.

Оваа вест е достапна и на: Albanian