Сите заинтересирани за бесплатен превоз од Кочани, Чешиново-Облешево и Карбинци за големиот мултимедијален настан во Штип на 23-ти септември, можат да се пријават на телефоните 02/5209176 и 075/389-698.
Автобусот во Кочани ќе ги чека посетителите од 17:00 кај трговскиот центар во Кочани, а оттаму поаѓа во 17:15 часот. Попатно ќе ги преземе патниците од соседните општини Чешиново-Облешево и Карбинци. Посетителите ќе пристигнат во Штип пред почетокот на дебатата во 18:30, а ќе бидат вратени во своите градови веднаш по завршувањето на концертот во 23:00 часот.
Граѓаните од овие општини можат да се пријават за да го искористат бесплатниот превоз на телефоните 02/5209176 и 075/389-698, или на штандовите на Караванот на слободата, кои денес (четврток 22 септември) ќе бидат поставени во Кочани од 17.оо до 20:00 часот.
Шестиот голем мултимедијален настан на Караванот на слободата во Штип, освен концерт на Тони Зен, „Стринг форсис“ и „Бла бла бла...“, ќе донесе и поетски читања, интересна дебата, практична уметничка работилница на отворено, инфо штандови, ди-џеј сетови и видео проекции.
Караванот на слободата, организиран од ЦИВИЛ – Центарот за слобода и поддржан од УСАИД, досега одржа пет големи мултимедјални настани во Велес, Струмица, Кавадарци, Тетово и Куманово и посети над 30 општини низ земјата, нудејќи повеќе видови музички и уметнички настани, како и културни активности кои опфаќаат различни општествени прашања.
Караванот на слободата е тримесечен фестивал, кој ќе ги користи уметноста и културата за да влијае на засилување на граѓанската свесност и граѓанското учество. Тој е динамичен мултимедијален проект, кој го поттикнува граѓанското учество во процесите на донесување одлуки на локално и национално ниво.