Хајндл утре во Скопје

Специјалниот германски пратеник за Македонија, Јоханес Хајндл, според најавите, утре ќе допатува во Скопје. На неговата агенда е средбата со преговарачките тимови на четирите политички партии, потписнички на Договорот од Пржино. Целта е поместување од непрогресивните позиции на политичките партии за што побрз излез од политичката криза. Но, засега е неизвесно дали Хајндл ќе успее во своите намери.

При неговата последна посета на Македонија, точно пред еден месец, Хајндл ја акцентираше потребата од реафирмација и ревитализација на Договорот како валидна и обврзувачка рамка за престојниот реформски процес. Притоа, тој повика на негова целосна имплементација.

По посетата на Хајндл во Македонија, се очекува да пристигне и заменик-државниот секретар на САД, Викторија Њуланд. Но, официјално, се уште не е дефиниран датумот на нејзината посета.