Во 15 градови низ Македонија веќе две недели се пополнуваат формулари за групната претставка до Уставниот суд против пакетот на неуставни закони со кои се ограничуваат правото на работа и на еднаквост на хонорарците и не се почитува забраната на повратното дејство на законите. Потсетуваме дека секој може да се приклучи кон иницијативата преку пополнување на формуларите. Иницијативата ќе трае до 6-ти април секој работен ден од 9 до 16 часот. Формуларите со претставките ќе бидат групно поднесени до Уставниот суд на Република Македонија во втората половина на април 2015 година.
ЦИВИЛ – Центар за слобода, како еден од поддржувачите, ги повикува сите граѓанки и граѓани масовно да се вклучат за да се запре неправдата и штетата кои неправедно им ја нанесува власта на хонорарците. Формуларите можат да се пополнуваат и во просториите на ЦИВИЛ – Центар за слобода, на ул. Максим Горки, бр. 31/1 во Скопје, од 9 до 16 часот. (Контакт: Арбана Ќерими, тел. 02 52 09 176).
Во Скопје, формуларите се достапни за граѓаните за пополнување и потпишување во просториите на ГЕМ клуб (Менада), Стара скопска чаршија, ул. Караорман бб, тел. 02 3224 701, секој ден, а за време на викендот, ќе има и штанд во Градскиот парк.
Во останатите градови, формуларите се достапни на следните локации:
Битола: Младински културен центар – Битола, ул. Цар Самоил 29, тел. 047 233 020;
Кратово и Крива Паланка: Здружение Регионален центар за одржлив развој, ул. Гоце Делчев 24, тел. 031 481 542;
Дебар: Центар за одржлив развој на заедницата, ул. Велко Влаховиќ бр.13, тел. 046 835 106;
Тетово: Младински образовен форум – Тетово, ул. Јане Сандански 48/1, тел. 078 220 801;
Штип: Фондација за развој на локалната заедница, ул. Сремски фронт бб (детска градинка „Сончогледи“, населба Сењак), тел. 032 383 116;
Прилеп: Здружение центар за стратегии и развој ПАКТИС, ул. Tрајко Сандански А2-1, тел. 078 815 251;
Струга: Центар на Заедницата на општина Струга, ул. Владо Малески б.б. ( зграда на Министерство за одбрана), тел. 046 839 112;
Делчево: НВО КХАМ, ул. Маршал Тито 69 (стар пожарен дом), тел. 033 413 695;
Струмица: Центар на заедницата на општина Струмица ул. Благој Мучето бб, тел. 034 334 117
Куманово: Национален ромски центар, ул. Доне Божинов 11/5, тел. 031 427 558;
Берово: Здружение за промоција и заштита на правата на Ромите – Roma Future, тел. 075 621 267;
Кавадарци: Проект ЕУ, тел. 070 236 461;
Кичево: НВО Месечина, ул. Маршал Тито 407, тел. 070 726 438.
Ви благодариме на поддршката!