Цивил открива нови фантомски станови

Екипа на Цивил денеска продолжи со истрагата во скопската населба Кисела Вода, по вчерашното откритие за постоење на лица во избирачкиот список кои се заведени на непостоечки адреси. Нашите новинари денеска утврдија дека на улицата „Петар Дељан“ зградата со број 10 воопшто не постои, иако е заведена во избирачкиот список. Исто така, во истата населба, зградата на ул. „Михаил Чаков„ број 7 има само 3 влеза, додека во избирачкиот список се заведени 6. Според нашите информации, во избирачкиот список има 15 лица кои се регистрирани, иако адресите на нивните живеалишта практично не постојат.

kisella vodëПертседателот на Цивил Џабир Дерала им изјави денеска на медиумите дека надлежните органи треба да ги решат овие недостатоци за да имаме слободни избори со коректни резултати. „Може да се одложи изборниот процес доколку се утврдат нерегуларности, можеме да потсетиме на она што го кажавме на вчерашната прес-конференција. Политичките партии, а посебно надлежните институции во земјава треба да преземат соодветни мерки, бидејќи имаме навистина неквалитетен процес“, рече Дерала.

Потсетуваме дека нашиот тим во населбата Кисела Вода костатираше дека во избирачкиот список се заведени лица од непостоечки адреси. Според официјалниот список, на улица „Петар Дељан“ бр. 1 живеат избирачи од првиот влез, стан број 22 и од вториот влез, стан 25. Додеа, фактички, двата влеза имаат само по 17 стана, со броеви од 1 до 17. Освен тоа, потврдивме и дека на истата улица, една зграда (бр. 11) има само 2 влеза, додека во избирачкиот список се заведени гласачи од непостоечките влезови со броеви од 3 до 9.

Цивил се уште нема добиено одговор од Државната изборна комисија по барањето за преразгледување на списоците за местата каде што се евидентирани споменатите нерегуларности.

Арбана Ќерими