ЦИВИЛ СО ПОРАКИ ВО ПРЕСРЕТ НА ПРЕГЛАСУВАЊЕТО

Цивил продолжува со мониторинг на изборите и апелира за слободни и ненасилни избори. Воедно, ќе постави и информативен штанд на кој ќе оствари средби со медиумите и граѓан(к)ите

Во пресрет на прегласувањето на вториот круг на локалните избори во Република Македонија, Цивил ќе отвори информативен штанд на кој граѓан(к)ите ќе имаат можност да се информираат за своите избирачки права, за активностите на Цивил, како и за гласачките места на кои ќе се прегласува.

141 (Small)Штандот ќе биде отворен на улица Македонија, кај споменикот на Мајка Тереза утре (петок, 19 април), од 12 до 14 часот.

Медиумите се поканети да го посетат штандот и да се информираат за нашите активности во рамки на проектот Слободни и ненасилни избори. Исто така, граѓан(к)ите ќе можат да ги изнесат своите ставови и информации за текот на изборниот циклус.

Цивил в недела ќе го набљудува гласањето во општините Центар, Струга и Долнени со 25 набљудувачи кои се дел од Работните групи за превенција и Мобилните тимови за набљудување. Освен тоа, на денот на гласањето, во Цивил ќе биде отворен дежурниот телефон 02/5209176 на кој ќе може да се пријават сите изборни нерегуларности, како што беше случај и во претходните денови на гласањето.

На крајот, уште еднаш апелираме до сите учесници во овој изборен процес да се придржуваат кон законите и принципите за слободни и ненасилни избори. Досегашните согледувања за овој изборен процес упатуваат на сериозни нерегуларности, незаконско делување и злоупотреби. Апелираме до сите учесници во изборниот процес, барем во преостанатите неколку дена, да се воздржат од недемократско делување и да им овозможат на гласачите слободно да ја изразат својата волја.

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish