Цивил со прелиминарен извештај од изборното набљудување

Цивил ги поканува медиумите на прес конференција на која ќе се презентира прелиминарниот извештај од набљудувањето на двојниот изборен процес во Република Македонија, в среда, во клуб ГЕМ (Чаршија), со почеток во 10:30 часот.

Периодот на набљудување е започнат на денот на распишување на претседателските избори на 5 март, но извештајот опфаќа и набљудување на политичката ситуација во земјата во претходните неколку месеци, поточно од почетокот на ноември 2013 година.

На прес конференцијата, Цивил ќе излезе и со апел до граѓан(к)ите на Република Македонија, и политичките партии да придонесат кон одржување слободни избори, како и до релевантните институции на системот да сторат сé што е во нивна надлежност да спроведат слободни и фер избори.

voting-ballots-elections-2014-si