ЦИВИЛ – Центар за слобода, како дел од коалицијата Граѓаните за Македонија организираше уметничка работилница „Боите на слободата“. Повеќе уметници, сликаа на тема слобода во кампот на Слободата пред Владата.
Уметникот Адем Сулејмановски за ЦИВИЛ Медиа изјави дека дојде време да му се стави крај на овој фашизам кој се шири како рак.
„Владата никогаш не ни дава инспирација, таа е толку темна како некои облаци сиви над Македонија да се надвиени и 10 години ни грмат одозгора. Нѐ имаат ставено во еден кафез, во едно бунило, нѐ имаат ставено во еден страв, со закани и уцени“, изјави Сулејмановски.
Неговото уметничкото дело „Црвена харизма“ ќе биде изложено вечерва во 19:30 часот, пред владата.
Арбана Ќерими