Тимот на ЦИВИЛ - Центар за слобода денес, напладне, постави инфо-штанд во центарот на Скопје, каде на граѓанките и граѓаните им делеше информативен материјал и ги информираше за можноста да станат дел од мониторинг-тимовите на ЦИВИЛ.
Сите заинтересирани граѓан(к)и, кои сакаат да бидат дел од мониторинг-тимовите на ЦИВИЛ на денот на изборите, може да се пријават на следниот линк. За краткорочните набљудувачи ЦИВИЛ во наредниот период ќе организира семинар за обука.
Во овој предизборен период, ЦИВИЛ ги интензивира своите активности за изборен мониторинг, преку мобилизација на краткорочни и долгорочни набљудувачи, како и на мобилни мониторинг-тимови низ целата земја.
Проектот „Набљудуваме!“ е поддржан од Амбасадата на САД.