Дебата за изборите

Во организација на Профицио, План – 4Д и Онлимит Медиа, денеска во ГЕМ со почеток во 12:30, ќе се одржи дебата под наслов “Можни ли се фер и демократски избори на 5-ти јуни, ќе се повтори ли 23 февруари на 6-ти април?”

Гости на дебатата ќе бидат Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ – Центар за слобода, Лидија Димова, пратеник и претседател на Националниот совет за евроинтеграции, Рамадан Рамадани, политички аналитичар и Бојан Маричиќ, извршен директор на Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО)

На дебатата поканети се и координаторите на пратеничките групи во Собранието на Република Македонија: Илија Димовски, ВМРО - ДПМНЕ, Горан Сугарески, СДСМ, Талат Џафери ДУИ и Имер Алиу од  ДПА.

 

 

Оваа вест е достапна и на: Albanian