ДЕЦАТА И МЛАДИТЕ ЌЕ ТВОРАТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА И ТОЛЕРАНЦИЈА

Започнуваат летните креативни школи на ЦИВИЛ. Педесетина деца и млади од цела Македонија ќе бидат дел од трите летни креативни школи и тоа за филмска продукција,  ликовни уметности и креативно пишување. Секоја од овие школи ќе трае четири дена и се дел од проектот „Сите бои на мојата земја“ кој го спроведува ЦИВИЛ, посветен на едукација и јакнење на јавната свест за човековите права и толеранцијата.Проектот е поддржан од програмата CIVICAMobilitas, финансирана од Швајцарската агенција за соработка и развој, а спроведена од Центарот за институционален развој (ЦИРа)

226Летните школи за креативно творештво во организација на Цивил во рамките на проектот „Сите бои на мојата земја“започнуваатна 23 јули, во Охрид. Педесетина деца и млади од цела Македонија ќе бидат дел од трите летни креативни школи и тоа за филмска продукција, ликовни уметности и креативно пишување. Секоја од овие школи ќе трае четири дена и се дел од проектот „Сите бои на мојата земја“ кој го спроведува ЦИВИЛ, посветен на едукација и јакнење на јавната свест за човековите права и толеранцијата.Станува збор за деца и млади од основни и средни училишта кои со свои уметнички творби на темиза човековите права и толеранцијата учествуваа на конкурсот во рамките на проектот, а беа избрани од жири на Цивил меѓу стотиците пријавени творби од целата земја.

Во првата група, од 23 до 27 јули, 16 млади ќе следат предавања за основите на филмската продукција, а воедно ќе имаат и практични вежби за снимање со камера, фотографија, видео-активизам, монтажа, пишување сценарио итн. Од оваа група треба да произлезат четири тима кои на есен, врз основа на заеднички создадени сценарија, ќе снимат документарни филмови за човековите права и за толеранцијата во нивните средини.

Втората група, која ќе ја посетува школата од 27 до 31 јули, ја сочинуваат над 20 деца и млади поделени во две возрасни групи. Во едната група, деца и млади од основните и од средните училишта, одделно, ќе имаат предавања и практични вежби од ликовното творештво. Меѓу другото, предвидени се работилници за креативна работа со сликарски материјали, компјутер и фотоапарат, односно сликање и цртање, инсталации, ворд-арт, фотографија, дизајн, е-графика итн. Децата од овие групи исто така ќе творат индивидуални и заеднички творби, од кои најдобрите ќе бидат наградени, а подоцна и изложени во неколку градови низ државата, како дел од активностите во рамките на проектот „Сите бои на мојата земја“.

Со истата методологија ќе се одвива и школата за креативно пишување, на која десетина деца и млади, во две групи, ќе бидат запознаени со литературните жанрови, техниките на пишување и пишувањет за различни медиуми. Постителите на овој курс, исто така, во текот на работилниците, ќе создаваат сопствени творби, а во текот на школата исто така се предвидени и интерактивни работилници со учесниците на ликовната школа, како и заднички изложби и литературни читања.

За сите учесници на школата предвидени се и други содржини, како што е проекција на тематски филмови, дискусии, творење во природа и слично.

Предавањата и работилниците ќе ги одржуваат квалификувани и искусни стручни лица во рамките на тимот наЦивил, а се работи заистакнати и еминентни автори во различни сфери на уметничкото творештво.

Проектот „Сите бои на мојата земја“е поддржан од програмата CIVICA Mobilitas, финансирана од Швајцарската агенција за соработка и развој, а спроведена од Центарот за институционален развој (ЦИРа).

 

 

Контакти:

Кате Христовска, админ и комуникации 076 520 139

Илир Ајдини, односи со јавноста 075 742 445

[email protected]

[email protected]

www.civil.org.mk

Оваа вест е достапна и на: Albanian