ДЕМАНТ

ЦИВИЛ – Центар за слобода денеска реагираше до редакцијата на „Дневник“ и „Денешен весник“ со демант за невистините изнесени во текстот И ЦИВИЛ НА ЏАБИР ДЕРАЛА НА СУД објавен на 12 ноември.

Текстот кој го објави „Дневник“ а го превзема „Денешен весник“ објави невистини во текстот (според извори од Советот за радиодифузија, како што наведуваат авторите) дека ЦИВИЛ должи голема сума за нереализиран телевизиски проект, како и дека добил тужба од СРД за враќање на парите со камата – што е неточно во потполност.

Во интерес на вистината и објективното информирање, имајќи го предвид угледот и реномето на ЦИВИЛ – Центар за слобода за кој самиот весник наведува дека „работи на набљудување избори и на човекови права“, испративме демант и барање за извинување од медиумите кои ги објавија овие невистини.

Доколку овие објави не се тенденциозни и злонамерни, се надеваме дека во иднина ќе се почитуваат професионалните новинарски стандарди и етиката при информирањето.