Постизборно, гостин во Утрински брифинг беше Џабир Дерала, претседателна Цивил , која практично беше единствената организација која ги следи изборите
-Ние како општество навикнавме што значи демократски избори. Изборите беа демократски и фер и тука нема збор. Тоа што ние го зборувавме, ние сме мета на некој вид хибриден напад, видовме дека изборната администрација не функционира добро или се партиски кадри во Избирачките одбори или се необучени. За жал, фингерпринтите излегоа како многу скапа играчка која не функционираше како што треба. Од 80 гласачи само кај 19 функционираше фингерпринтот на едно гласачко место, вели Дерала.
Влегуваме во некој вид политичка криза.
-Заев вели дека имало сериозен продор на пари. Тоа е многу сериозно, вели Дерала.
Тоа се пари од Унгарија, од Орбан и нему блиски извори.
-Власта треба да даде отчет за тоа. Оставката на Заев треба да биде прифатена. Имаме ситуација кога треба да се додели нов мандат оти со оставката на премиерот, паѓа и Владата, коментира Дерала за Утрински брифинг.
Оваа вест е достапна и на: English