ДИК до ЦИВИЛ: Вашите забелешки ги сметаме за информации

Државната изборна комисија (ДИК) нема да ги разгледа нерегуларностите и забелешките кои ги испрати невладината организација Цивил на денот на изборите.

Subhi Jakupi

Ние вашите забелешки ги сметаме за информации и не можеме да одлучуваме ништо по нив. Ова денеска го изјави претседателот на ДИК, Никола Рилковски, на конференцијата за печат.

“Од невладината организација Цивил добивме голем број забелешки, но тоа за нас е доставување материјал од информативен карактер. Тоа не се податоци од кои ние конкретно ќе одлучуваме. Ние само ќе одлучуваме за тоа што ќе го добиеме како официјален податок од приговорите”, рече Рилковски.

Потпретседателот на ДИК, Субхи Јакупи, за Цивил-Медиа изјави дека Цивил не е активна во изборите и дека само политичките партии можат да ги користат забелешките на кои Цивил укажа.

“Вие не сте активни на изборите иако имате набљудувачи. Вашите извештаи не се обврзувачки за ние да реагираме, тие се само информации. Не е наша обврска да реагираме. Политичките партии во рок од 48 часа може да ги земат вашите забелешки како информации и да реагираат”, рече Јакупи.

Цивил вчера поднесе документ до ДИК кој содржеше речиси 250 случаи на нерегуларности на денот на гласањето. Две забелешки и извештај за нерегуларности беа поднесени до ДИК и во текот на предизборната кампања, односно еден ден по денот на гласањето во првиот круг на изборите.

Арбана Ќерими

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish