ДИК повторно го отвори Избирачкиот список

По неколкумесечното мирување на сајтот на Избирачкиот список на ДИК, од денеска повторно може да се прелистува според живеалиште, односно, според адреса на живеење. Ова е алатката која им дозволи на многу граѓанки и граѓани да откријат „фантоми“ во своите домови и првично укажа на огромната бројка на фиктивни гласачи кои воопшто не постојат на тие адреси, а во некои случаи, дури ни адресите не постојат!

Screenshot (39)

Дали е ова моментален лапсус на ДИК или предвестие за некакви случувања, останува да видиме.

Во меѓувреме, уште во првите часови по објавувањето на Избирачкиот список, на социјалните мрежи се појавија информации за фантомски гласачи. ЦИВИЛ ги повикува граѓанките и граѓаните да пријавуваат недостатоци во Избирачкиот список. Тоа може да го направат преку онлајн формуларот Слободни избори, по електронска пошта, [email protected] или преку порака на Фесјбук профилот на ЦИВИЛ.

Пред неколку месеци, кога Избирачкиот список беше даден на јавен увид преку онлајн алатките на ДИК, неколку стотини граѓанки и граѓани до ЦИВИЛ доставија податоци за неправилностите на овој документ.

Пречистен Избирачки список е еден од основните услови за одржување слободни и кредибилни избори.

Ермин Климента

Оваа вест е достапна и на: Albanian