ДИК го затвори Избирачкиот список: Право на глас имаат 1.784.416 гласачи!

Државната изборна комисија го заклучи списокот и соопшти дека 1.784.416 граѓани се запишани во Единствениот избирачки список за претстојните предвремени парламентарни избори. Во изводите од Избирачкиот список за гласање во Република Македонија - се запишани 1.531.368 гласачи. На последната седница на ДИК е одреден и изгледот на избирачкото ливче.

На Посебниот избирачки список се запишани 230.122 лица, кои според податоците на ДИК се на привремена работа или на престој во странство. И покрај тоа, во дипломатско-конзуларните претставништва ќе гласаат само пријавените 20.573 гласачи.

На изборите на 11-ти декември ќе гласаат и 13 внатрешно раселени лица, 2.015 лица кои се во притвор или во затвор, а во просториите на ДИК, пред изборите, ќе гласаат и 325 лица кои ќе бидат членови на избирачките одбори во дијаспората.

 

Оваа вест е достапна и на: Albanian