Државната изборна комисија (ДИК) и Управниот суд ги отфрлија претставките на СДСМ, која се посомнева дека 20.000 починати или иселени лица се наоѓаат на избирачкиот список во 22 општини во Македонија. СДСМ кога ги поднесе претставките, изрази сомневање дека станува збор за починати лица, лица кои се трајно иселени или пак лица што не живеат на адресите наведени во Избирачкиот список.
До податоците до кои дојде Цивил Mедиа, претставките се одбиени со образложение дека не постојат доволно докази за да го прифатат барањето.
„Наведените лица за кои постои сомневање дека живеат на иста адреса, имаат пријавено живеалиште, односно престојувалиште во Република Македонија, како и важечки биометриски документи, со што ги исполнуваат законски предвидените услови во член 41, ставови 4 и 5, за запишување во избирачкиот список“, се вели во одлуката на Управниот суд.
Опозицијата изразила сомнеж дека 1.045 починати лица се наоѓаат на избирачкиот список, а ДИК констатирала дека од нив всушност се починати 202 лица, за кои било упатено барање за дополнителна проверка во Управата за водење матични книги.
Сѐ уште е неизвесно дали овие лица се избришани од Избирачкиот список.
Мери Јордановска