Над 10.000 граѓани започнаа со протестот во Скопје, закажан пред просториите на Специјалното јавно обвинителство.
Додека километарската колона на демонстрантите веќе пристигна пред Собранието, крајот на колоната уште не беше тргнат од појдовната точка.
Протестот, кој започна традиционално во 18 часот со израз на поддршка кон СЈО, засега минува во мирна и достоинствена атмосфера.