Деветти ден по ред, мирни протести во Битола. Повеќе од 3.000 демонстранти тргнаа од пред споменикот на народниот херој Стив Наумов, со заедничка цел да го изразат својот револт, гнев и бес, за она што му се случува на градот.
Во извештајот кој пристигна од терен, а кој зборува за мотивот што секојдневно ги обединува битолчани се вели: “Во градот е блокирано сé. Администрацијата во Општината работи под страшен притисок, сметките на најголем број од училиштата во Битола се блокирани, односно, нивното работење е отежнато, заради обвиненијата на неколку од директорите и директорките. Притворањето и сослушувањето на одредени управители на превозни претпријатија, внесе страв кај голем број луѓе поврзани со работата на општинската каса. Заради тоа битолчани и битолчанки, од протестот порачуваат: „Нема правда, нема мир!“, „Оставка!“ „Нема аболиција!“
Протестот во Куманово започна пред Основниот суд, од каде кумановчани продолжија низ градските улици и заврши пред згрдата на “Комитет”. На протестот на кој присуствуваше и градоначалникот Зоран Дамјановски, повеќе од 2.000 демонстранти извикуваа: „Нема правда, нема мир!“, „Лопови!“, „Оставка!“...
Протести и во Битола и во Куманово, ќе има и денес. Контра-протести во овие два града вчера немаше. Контра-демонстранти кои во изминатите денови протестира во Битола, под уцени и закани, беа превезувани во Скопје, каде се приклучија на контра-протестот на ГДОМ. Потврда за тоа се големиот број на автобуси со битолски регистрации кои пристигнаа во Скопје, непосредно пред почетокот на протестот.