Демонстрантите пееја „Во борба, македонски народе!“ и „А бре, Македонче...“

Песните „Во борба, во борба, во борба, македонски народе“ и „А бре, Македонче“, вечерва одекнуваа од поставените звучници на терасата на канцеларијата на невладината организација „Младински клуб“,  на плоштадот „Македонија“, веднаш над споменикот на Цар Самоил

[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=aCP_X9cogkE[/youtube]

Додека демонстрантите поминуваа преку плоштадот, кон Владата на Република Македонија, неколку минути хорски ги пееја песните и со силни овации го поздравија потегот на НВО.