Денеска ќе гласаат членовите на избирачките одбори во странство

Во просториите на Државната изборна комисија (ДИК), денеска ќе гласаат 325 членови на избирачките одбори кои ќе го спроведуваат гласањето на предвремените парламентарни избори закажани за недела, 11-ти декември, во дипломатско-конзуларните претставништва и во конзуларните канцеларии на Република Македонија.

На посебниот Избирачки список се запишани 230.122 лица, за кои, согласно евиденцијата на надлежен орган, се смета дека се на привремена работа во странство, а за гласање во дијаспората - ДИК ги прифати пријавите на 20.573 граѓани.

Во странство, пријавените гласачи од дијаспората ќе гласаат во 46 дипломатско-конзуларни претставништва и во конзуларни канцеларии, во сабота на 10-ти декември, од 7 до 19 часот, по локалното време. Најмногу пријавени за гласање има во Берн – 4.256, во Венеција – 2.724, во Детроит – 1.170, во Њујорк – 1.168 и во Мелбурн  – 1.112.

 

Print Friendly, PDF & Email

Оваа вест е достапна и на: Albanian