ЦИВИЛ – Центар за слобода организира јавен настан „Плурализмот и политичката криза“ кој ќе се одржи денеска (2 февруари 2016) во хотел Сити Парк, со почеток во 12 часот.
Лидери на над 10 политички партии, кои не се дел од политичките преговори, го потврдија своето учество на дебатата на ЦИВИЛ под наслов „Плурализмот и политичката криза“.
Прашања и коментари може да се испраќаат уште сега, како и во текот на дебатата, на ФБ страницата на ЦИВИЛ и на Твитер со хаштагот #CIVILevent.
Настанот е во рамките на проектот „Моето гласачко право“, поддржан во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, а имплементиран од Фондацијата Отворено општество Македонија.
Оваа вест е достапна и на: English