Пријатели, соборци, херои на отпорот, на Шарената револуција, херои од изборите на 11 декември 2016... Ќе мора во деновиве што следат да останеме ладни, и на целиот тој нивен простаклук и да им одговориме со нашата култура, достоинство и интелектуална надменост. На нивни „војни повици“ и „оштрења на ножеви“ - треба да им покажеме дека не им се плашиме!
Кога ќе се соберат некаде (најверојатно сега - засега пред ДИК, а подоцна пред Управниот суд. потоа кој знае каде..., пред судовите и затворите, ограбените ќе ги бранат своите ограбувачи од пресуди, казни...) тогаш треба и ние да отидеме таму, но да отидеме подготвени како за на корзо, да прошетаме низ таа безумна толпа, да прошетаме релаксирани, со своите семејства, со своите најблиски, да си ги прошетаме миленичињата, да си купиме костени, да си фатиме некоја женска или дечко... Тоа треба да го направиме, затоа што мора да им покажеме дека „мечка со сито не се плаши“, дека (за разлика од нив) ние сме демократи и почитуваме право на протест (колку и да се дегутантни и мизерни) и дека туѓото мислење, за нас е света работа, без оглед колку има смисла во нивните мисли и ставови. Но, исто така, да им покажеме дека, од друга страна, нема да им дозволиме да ни ја узурпираат слободата и граѓанските права, кои за нас се неприкосновени! Не смееме да дозволиме да ни одземат ни педа од слободата, од слободното движење или од било кое наше граѓанско право - било каде во градот. Ниту еден центиметар од градот, од правата, и од нашата слобода, нема да дозволиме да ни бидат узурпирани!
И како најбитно, мора да ги соочиме со фактот, ако се пребројуваме, и ако некој има право да се нарече и да зборува за себе како за народ (како поброен дел од граѓаните на Македонија). Постојано мора да им повторуваме дека изборите (и покрај сите обиди за местенки, поткупи, заплашувања од нивна страна..., оти тие беа власт, и трагикомично е да се тврди дека опозиција може, има начин, ресурси и институциии да ги лажира изборите?!) ги има добиено севкупната опозиција! И тоа со разлика од околу 80.000 гласови!
Треба да ги сочиме со фактот дека тасот натежнува на наша страна - 612.582 граѓани на изборите порачаа: „Збогум Никола!“, додека досегашната власт (со помош на сета, перфектно извежбана машинерија за крадење избори и изборна волја на сопствените граѓани) т.е. - ДРПМНЕ заедно ДУИ, имаат освоено - 541.367 гласа. Знам, тешко ќе им биде, оти Грујо - Шехерезада, е подготвен да им раскаже, ако треба, уште 1001 приказна, само да си ја спаси голата кожа! Оти, за него, освен власт другата опција е затвор за сите злодела сторени кон овој народ и оваа држава!
Всушност, како најважно од сé, треба секаде и во секоја прилика, да бидеме тоа што сме, и да се однесуваме како победници. Не како обични, изборни победници, оти пријатели мои, соборци, семејство мое(!), ние турнавме режим! Од нашите крвави плеќи, ние скинавме тежок јарем на модерно робување, каде ни беа газени базичните човечки права и слободи!
Едно е јасно - царот е гол и урнат од престолот! Поразен е, сега му останува уште да се препелка, сé до конечното, заминување на робија!!!
#ДоКрај - А крајот е блиску, многу блиску!