Доделени наградите од шестиот циклус на натпреварот „Биди граѓански новинар“

Прекршување на човековите права од сите аспекти:избирачки права, работнички и социјални права, манипулација со етнички групи и социјално загрозени категории, теми кои содржат силни пораки до власта, изречени во малите микропростори на обесправените граѓан(к)и и јавно, на протестите на Шарената револуција..., се дел од наградените пет прилози, што ЦИВИЛ - Центар за слобода ги додели денеска, во шестиот циклус на натпреварот „Биди граѓански новинар“, во рамки на проектот „Граѓански објектив“, што се реализира веќе половина година со поддршка на National Endovment for Democracy.

Граѓанските новинарки Валентина Ѓорѓиевска Парго и Ана Николиќ од Скопје, според оценувачката комисија на ЦИВИЛ, ја освоија првата награда, ваучер во противвредност од 110 американски долари, за видео анкетата „Груевски за 10 години пепел не направи“, снимена за време на протестите на Шарената револуција.

Една од авторките, Валентина Ѓорѓиевска Парго, со порака - „ да се слушне гласот на младите“.

Второнаградена е видео-сторијата на граѓанската новинарка Хазизе Јонузи од Тетово, посветена на социјалната драма на три ромски семејства од Ромското маало во Тетово, ки освен истиот двор, ја делат и истата мака, борејќи се да преживеат.. За сторијата со наслов „Детето не знае дека нема, бара да јаде“, Јонузи на денешното свечено доделување на наградите доби ваучер во пртоввредност од 80 американски долари.

Граѓанските новинари Надежда Атанасова и Даниел Аврамов од Скопје, се наградени со ваучер во противвредност од 50 долари за мини-анкетата за „Улогата на меѓународната заедница во надминувањето на политичката криза воМакедонија“.

Оценувачката комисија на ЦИВИЛ, имајќи го предвид интересот за овој проект и доставениот број на прилози во конкуренција, додели и две четврти награди. Анонимен сакаше да остане авторот на сторијата „Граѓаните и се обратија на полицијата“, а  „Кршење на работнички права“ е наградениот текст од Сотир Габелоски, граѓански новинар од Крушево.

Честитајќи им ги наградите, новинарот Томислав Кежаровски, гостин на денешниот настан, којшто полни седум месеци помина во притвор и е пример за цензурата и за диктатура што власта ја спроведува врз новинарството и новинарите, и борците за правда и вистина во Македонија, порача:

Уредникот на ЦИВИЛ Медиа Синиша Станковиќ ги охрабри сите граѓан(к)и и натаму да продолжат да испраќаат фото и видео содржини, кои ќе помогнат во процесот на презентирање на објективната слика за македонската реалност, далеку од камерите на владините медиуми, кои информираат низ призмата на виртуелниот македонски рај“.

Проектот, како што впрочем, истакна претседателот на ЦИВИЛ - Центар за слобода, Џабир Дерала, со оглед на досегашните постигнати резултати, ќе продолжи и во наредните три месеци.

 

Моника Талеска