Активистот Драган Додевски - Дацко, за ЦИВИЛ Медиа изјави дека пунктот за собирање помош за настраданите од поплавата пред „Веро“ во Скопје, од денес е затворен за донации и во иднина ќе служи само како собирно место за волонтери кои ќе се упатуваат да помагаат на терен
„Нема веќе потреба од носење помош на поплавените граѓани, бидејќи продавниците се во функција и граѓаните можат да си земат се што им треба. Ние волонтерите ќе бидеме на терен и ќе им помагаме на социјално загрозените граѓани“, вели Додевски.
Волонтерите ќе им стојат на располагање на сите кои на било кој начин сакаат да се вклучат во санација на штетите предизвикани од поплавата. Исто така, секој што ќе сака да донира и што ќе им се обрати на волонтерите, ќе биде упатен кон граѓаните на кои им е потребна помош.
Д.М.