ДПА најави коалиција со Груевски

Лидерот на Демократската Партија (ДПА) на Албанците Мендух Тачи порача дека доколку оваа партија ги добие гласовите од муслиманите во Македонија, по претседателските и парламентарните избори ќе коалицира со ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски.

Menduh-Thaci“Не се прави муслиманизмот со 9 отсто луѓе туку само преку бранење на албанството ќе се негува и муслиманизмот”, порача Тачи на вчерашниот митинг во Студеничани, каде што беше промовиран претседателскиот кандидат на ДПА Илијаз Халими.

Тачи ги повика Туриците, Бошњаците и останатите муслимани во државава да го поддржат Халими и најави дека заедно ќе бидат дел од идната влада доколку ги добијат нивните и гласовите на Албанците.

Халими во своето обраќање, меѓу другото, вети дека ќе го реши статусот на семејствата на загинатите во војната во 2001 година и дека ќе биде активно вклучен во развојот на економијата.

“Ветувам дека ќе бидам претседател на сите граѓани без оглед на нивната етничка припадност“, рече Халими. Тој и порача на актуелно владејачката Демократска унија за интеграција „да не манипулира со младите и да не ги запира да гласаат“.

„Јас знам дека Албанците ќе гласаат за мене и сметам  дека е апсурдно да се манипулира со граѓаните”, рече Халими.

Оваа вест е достапна и на: Albanian