Дерала: Хаос во Избирачкиот список!

На синоќешното гостување во емисијата Клик плус, на телевизијата 21, претседателот на ЦИВИЛ - Центар за слобода меѓу останатото, истакна:

„Вие имате хаварија на Избирачкиот список, само неколку дена пред, поточно, три дена пред денот на гласање, наспроти сите долгомесечни, чести, добро елаборирани укажувања во јавноста. Не само од ЦИВИЛ, туку од низа други релевантни институции, експерти, организации, па дури, и од меѓународната заедница. Ние имавме една ситуација во која постојано политичките центри на моќ, нема да ги именувам, велеа дека не постојат 'фантоми'. Ние, 'фантомите' ги уловивме на самиот ден на гласањето“.