На 19 септември (понеделник) од 20 часот, по повод роденденот на својот основач Игор Исаковски, културната установа „Блесок” организира читање на неговата поезија во кафулето „Concept 37″.
Стихови на Игор ќе читаат: Елизабета Баковска, Славица Диневска, Биљана Јордановска, Јовица Ивановски, Џабир Дерала, Тихомир Јанчовски, Ѓоко Здравески и Владимир Мартиновски.
На читањето ќе можат да се купат и книгите на Игор, а севкупниот приход од продажбата Блесок ќе го донира на здружението на еднородителски семејства „Една може” .
Да зборуваме за Игор, да ги читаме неговите стихови и да ја слушаме музиката која ја сакаше.
Vita brevis, ars longa.