Телевизија Алсат-М почна со работа пред 10 години (во 2006-та година) и отвори нов прозорец кон професионалното и објективно информирање во Македонија. По 10 години, Aлсат-М продолжува со својата работа и има јасен поглед кон иднината.
„Како двојазична и мултиетничка телевизија веруваме во филозофијата дека промените започнуваат од поединците“, стои во соопштението на ТВ Алсат-М. Телевизијата ќе ја прослави својата годишница на 14 септември во Кушумли Ан.
Телевизијата, одговорните уредници и новинари во последниот период постојано се мета на напади од власта која преку провладините медиуми и ,,експерти“ ги клеветат дека работат против интересите на државата. Но, професионализмот и истрајната борба за објективно информирање, независоно од политичките притисоци ја прави телевизијата препознатлива, а голем број граѓани им ја пружаат својата целосна поддршка и доверба.
Националната телевизија Алсат-М се емитува низ целата територија во земјава. Своите програми ги заснова врз европските концепти на информирање и се залага за негување на мултиетничкиот соживот во Македонија.
Програмите се динамични, вестите се на албански и македонски јазик. На двата јазика се емитуваат и сите останати програмски содржини, како што се емисиите од областа на политиката, економијата, спортот, шоу - бизнисот и друго. Двојазичниот карактер на програмите на Алсат-М ја прави оваа телевизија посебна во Европа и пошироко.
Оваа вест е достапна и на: Albanian