„Јас одам да питам со детето, по цел ден. Кој ќе даде, кој нема да даде... Социјално не земам. Никакво социјално ние не земаме. Барем да земам социјално за децата, ќе биде подобро...“ вели една од соговорничките од тетовското Ромско маало на граѓанската новинарка Хазизе Јонузи. Видео материјалот е потресна приказна за мајките и децата од само еден заеднички двор во Маалото, кои ја споделуваат тешка судбина, осудени на беда и немаштија...
Мевљуде Красниќи: Еве, ние како што гледате, како што дојдовте, доаѓале кај нас, гледале со камери, проверувале, ама никој не ни помага. Никој не помага. Ни влегува вода внатре во другата соба. Јас ги викнав да ја видат собата, тоа вода, тоа кал... Никој не доаѓаше. И ние кога ги праќавме таму, тие само ќе влезеа во дворот, а потоа веднаш излегуваат.
Колку членови сте вие?
Мевљуде Красниќи: Ние сме во дворот три куќи. Во тие три куќи ниту еднаш не дошле. Доаѓаат само накратко, снимаат и бегаат.
За јадење и пиење ви донесоа нешто?
Мевљуде Красниќи: Ништо само кисела вода. Не, само обична вода. За нашата куќа никој ништо не донесе. Еве, како што знае Господ, и ние имаме право да зборуваме за ова. Сето маало тогаш зема храна, ние не земавме.
Од Општината Ве посетија?
Мевљуде Красниќи: Само влегоа низ вратата, снимаа внатре, а потоа си отидоа. Јас им велев да дојдат, оти водата ми е внатре. Моите деца немаат кај да спијат, немам со што да ги облечам. Цела река се направи од водата.
Работи некој маж од кај вас? Од што живеете?
Мевљуде Красниќи: Не, маж ми не работи. Со едно социјално од 3.000 денари живеам. Дали пелени да купам за децата, дали за јадење, што да правам со тие пари? Не ми стигнуваат за цел месец. Пет деца имам. Едното ми е близнак и почина.
[youtube width="600" height="344"]https://www.youtube.com/watch?v=CeOlh9MmZq4[/youtube]
Кај вас другиве?
Ибадет Красниќи: Исто и ние така, како што збори јатрва ми, исто и ние сме биле вака, мислам поделени сме ние, ама во еден двор живееме. Исто како нив, и нас не фаќа поплава. Јас имам две деца. Маж ми не работи, оди во депонија со шишиња. Со коњот, со шишињата. Плата не зема...
Не земате социјално?
Ибадет Красниќи: Не земам јас социјално.
Зошто?
Ибадет Красниќи: Пуштив (барање) за трето дете ама не ми прифатиле. Имав контроли и затоа.
Дали пред избори доаѓаат политичарите? Ви ветуваат ли нешто?
Ибадет Красниќи: Не доаѓаат... Доаѓаат, доаѓаат за да гласаме за нив и не ни помагаат ништо. Порано одев да гласам, ама сега не отидов да гласам за никого.
А тие ви ветуваат дека ќе ви помогнат нешто?
Ибадет Красниќи: Ниту ни помагаат ниту ништо, за џабе гласавме и ништо не ни направија, рекоа дека ќе го наместат патот, но не го направија.
Мевљуде Красниќи: А кога одиме да питаме, доаѓаат полицајци. А ние, да не сте вие - ќе умрат нашите деца за леб.
Што прават полицајците кога ве фаќаат?
Ибадет Красниќи: Ги земаат децата и ги носат во Социјално. Еве, ова се нејзини деца.
Во Скопје ги праќаат?
Ибадет Красниќи: Да, едвај си ги земаме децата,,, (Покажува кон детето) Не може да оди. И без да му правиме социјално, не сакаат да му помогнат. Зошто не сакаат, не знам. Што да му направам? Јас му давам да пие млеко. А нема со што да го купиме млеко. Има трошоци, има пелени...Ми велат да го носиме на физикална терапија. Ме праќаат на операција - да видиме што ќе правиме. Дали ќе прави операција, не знам. Што да му направам? А овдека кај нас не помагаат. Бев стопати да му направам социјално, не сакаат. И за големото и за малото дете. Што да правиме? Вака живееме... Имаме трошоци, а немаме за јадење и за пиење. Дете е, тој бара да јаде и пие. Тој не знае дека нема. А јас одам да питам со него, по цел ден. Кој ќе даде, кој нема да даде. Јас социјално не земам. Никакво социјално ние не земаме. Барем да земам социјално за децата, ќе биде подобро...
Оваа содржина се објавува во рамките на јунскиот циклус од натпреварот „Биди граѓански новинар“ на проектот „Граѓански објектив“ наЦИВИЛ, поддржан од National Endowment for Democracy. Содржината на овој прилог е минимално редактирана од редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, соодветно на концепцијата на проектот и на веб страницата.