ДУИ бојкотира, ДПА се бори за претседател Албанец

Демократската унија за интеграција ги бојкотира претседателските избори и ја промовира идејата за консензуален претседател. Нејзиното мото е „Не за едностран претседател, Да за нашата идеја“. Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, ги повика граѓаните да не излезат на избори, нагласувајќи дека за претседателот треба да преговараат легитимните претставници на двете заедници, затоа што живееме во една земја, но одвоено. ДУИ во нејзината платформа ја истакнува вредноста од преземањето една од трите клучни функции во државната администрација, како што се претседателот, премиерот и претседателот на парламентот.

Halimi-Ahmeti (Small)Од друга страна, Илјаз Халими, кандидат за претседател од редовите на ДПА, во кампањата излезе со мотото „За претседател Албанец“. Тој во својата платформа им вети на граѓаните етничка еднаквост, еднаква застапеност на Албанците и денационализација на имотот на Исламската верска заедница. Халими верува дека на 13. април, кога ќе се одржат парламентарните избори, поддршката на граѓаните ќе зајакне. Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, на синоќешниот митинг во општина Теарце, ја обвини партијата на власт за дискриминација на Албанците. Тачи особено ја обвини ДУИ за нереализација на проектите, како што е примерот со употребата на албанскиот јазик како службен.

Арбана Ќерими

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish