По успешно спроведените проектни активности во рамки на проектот Напред! во општините Македонски Брод, Долнени, Крушево, Демир Хисар, Новаци и низ скопските општини Карпош, Ѓорче Петров и Сарај, ЦИВИЛ утре продолжува со мобилизација, ангажирање и едукација на долгорочни, краткорочни и граѓански набљудувачи на изборниот процес.
Првиот мобилен тим на ЦИВИЛ ќе ги посети општините Маврово, Дебар, Центар Жупа, Вевчани и Дебарца, а вториот тим општините Демир Капија, Богданци, Дојран, Ново Село и Босилево.
Активистите на ЦИВИЛ во овие општини, во директна комуникација со граѓанките и граѓаните, ќе ги информира за можностите да аплицираат за изборни набљудувачи.
Граѓан(к)ите кои сакаат да аплицираат за изборни набљудувачи, треба да испратат кратка биографија, мотивациско писмо и фотографија на е-адресата [email protected], до 31 март 2016-та година.
Проектот се спроведува на национално ниво во 14 регионални центри на ЦИВИЛ и е финансиран со германски средства од Пактот за стабилност на Југоисточна Европа.