Плурализмот и политичката криза е тема на јавната дискусија на ЦИВИЛ – Центар за слобода, којa ќе се одржи утре (понеделник, 4 април 2016), во хотел Сити Парк, со почеток во 11 часот.
Досега, како говорници се пријавија дваесетина лидери или високи претставници на политичките партии кои не беа дел од преговорите за надминување на политичката криза во Република Македонија.
Појдовна теза за дискусија: Договорот за надминување на политичката криза (Пржино, 2015) е само делумно имплементиран. Институциите кои се обврзани да овозможат слободни избори и за владеење на правото се соочуваат со политички и медиумски опструкции, како и со опструкции од други институции. Дали се можни избори на 5 јуни? Кои се ставовите и решенијата за надминување на политичката криза кои можат да ги понудат политичките партии кои не се вклучени во процесот од Пржино?
Настанот е во рамките на проектот Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани, поддржан од Министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.
Оваа вест е достапна и на: English