Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на партиските митинзи и собири постојано жестоко го напаѓа лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дека сакал да дојде на власт, умилкувајќи им се на албанските гласачи со ветувањата за наводно воведување двојазичност на целата територија на државата и со наводен договор за федерализација на Македонија.
Истиот Груевски кој толку жолчно сега тропа на отворената врата, јазикот го „искрши“ на 25 октомври 2012 година, обраќајќи им се на албански јазик, на граѓаните - етнички Албанци, при пуштањето во употреба на новиот мост во Сарај... Што, нормално, е за секоја пофалба. Ако не било лицемерие и голо властољубие, односно глума, за спас на „тендер“ коалицијата со ДУИ...
А ако тогаш, како вистински премиер кој ги почитува сите граѓани на Република Македонија, Груевски навистина сакал да им се доближи на етничките Албанци, дури и преку еден толку проѕирен, популистички потег, тогаш, макијавелистичките обиди да се остане на власт, преку актуелните напади врз политичкиот опонент, во паничен страв од изборната разврска која му овозможува непречена работа на Специјалното јавно обвинителство, сe уште подрастично лицемерие...
Груевски од народот бара да ја поддржи неговата партија и коалицијата која ја предводи, за да освои 63 пратеници, и со мнозинството во парламентот, демек, да ја спаси Македонија! И од Заев, и од наводното воведување на двојазичноста...
Кога е искрен zotëri Груевски?
(Видеото е превземено од YouTube каналот на Press24)