Фашизам, никогаш повеќе!

"Смрт на фашизмот, слобода за народот", одекнуваше во паркот "Жена борец". Шарената револуција денеска беше во знакот на одбележувањето на 9-ти Мај, Денот на победата над фашизмот.

DSC_0179

Илјадниците демонстранти, кои тргна од пред СЈО, со транспарент: "Анти фашизам. Вчера, денес, утре. Борбата продолжува", продолжија кон Триумфалната порта која повторно беше обоена во боите на револуцијата.

DSC_0190

Ликови на познатите македонски борци, учесници во Народно ослободителната борба, Стив Наумов, Страшо Пинџур, Кочо Раци,... беа дел од транспарентите кои ги носеа демонстрантите.

DSC_0217

Потоа, придружени од анти-фашистичка музика, демонстрантите продолжија кон Жена парк, каде положија цвеќе на споменикот на паднатите борци.

DSC_0238

Димче Најчевски професор во пензија, учителот Владо Димоски, професорот и член на СДСМ Петар Атанасов и Соња Стојадиновска од движењето „Солидарност“ се обратија кон демонстрантите кои го исполнија паркот и порачаа дека нема да дозволат „режимот да нѐ надвладеe”. Протестот заврши пред Собранието на РМ.

Марија Теговска