ФАШИЗМОТ СЕ ПРОМОВИРА ВО МАКЕДОНИЈА

Најголемото зло во историјата на човештвото, фашизмот, има поддржувачи во Македонија, кои како никаде во светот добија можност својата болна и ужасна идеологија да ја промовираат во јавни медиуми во Република Македонија.
Објавувањето на поменот на Рудоф Хес во дневните весници Дневник и Вест (делови од групацијата МПМ) претставува невиден преседан во новата светска историја. Не веруваме дека било каде во светот ваков оглас би можел да се појави.
Згрозени сме од величањето на една од најмрачните фигури во историјата на човештвото, десната рака на Хитлер, злосторникот Рудолф Хес.
Кратко и јасно: за ваков оглас, одговорните треба да одат в затвор. Бараме итна истрага и казнување на авторите и одговорните за објавување на оваа грозоморна промоција на фашизмот.

Оваа вест е достапна и на: AlbanianEnglish