Фокус групи за разбирањето на европските и зелените вредности

ЦИВИЛ – Центар за слобода како дел од проектот „Акција – Интеграција“, организираше фокус групи во Скопје, Велес, Гостивар и последната во Штип, со цел да ги идентификува потребите и предизвиците на граѓанките и граѓаните во разбирањето на европските вредности и интеграциски процеси во Европската Унија, како и јакнење на свеста за граѓанското учество во демоктратските реформи.

Во двочасовните фокус групи учествуваа претставници на граѓанското општество, активни граѓанки и граѓани, а проканети и претставници на локалните власти, политичките партии и лидерите во заедниците.

Од разговорите со учесниците на фокус групите ќе произлезе опсежна анализа за разбирањето и прифатеноста на европските и зелените вредности во Македонија, степенот на нивно познавање, како и поддршката на евроинтеграциските процеси.

Проектот се спроведува во партнерство со Фондацијата Хајнрих Бел и ќе трае до крајот на октомври годинава.